Дома Трансфер зона Mурињо не се откажал од Мората, Марсијал на позајмица во Серија А?

Mурињо не се откажал од Мората, Марсијал на позајмица во Серија А?

Како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ не се откажал од напаѓачот на Реал Мадрид.

Голема желба на Жозе Мурињо ова лето секако е Алваро Мората. Тој на Шпанецот му вети клучна улога во тимот, но никако не успеавше да постигне договор со „кралевите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал бараше 80 милиони евра, Мурињо ја испрати бараната сума, но потоа во Реал го сменија мислењто и за Мората бараа 90 милиони евра.

Тука приказната беше завршена, управата на Јунајтед немаше намера да ги исполнува желбите на Шпанците, па вниманието го свртеа кон Ромелу Лукаку кого го доведоа за само неколку дена.

Сепак, според последните информации, Мурињо не се откажал во целост од  Мората. Тој наводно има намера да го испрати Марсијал на позајмица, а на негово место да го доведе Мората.

Според тоа, Французинот би можел да заврши во Рома, каде што би се обидел да ја врати формата, а нема сомневање дека во редовите на италијанскиот клуб би бил еден од најстандардните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…