Тимот на Шкендија вчера успеа да го елиминира романски Ботошани и така да се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.
На 24. септември Шкендија во Скопје ќе игра против англискиот гигант предводен од Жозе Мурињо, Тотемхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нема дилеми дека Тотенхем е апсолутен фаворит. Меѓутоа после натпреварот во Бугарија против Пловдив нема зошто Шкендија предвреме да се предаде. Бугарскиот тим имаше предност се до десетина минути пред крајот кога прими два гола.
За Жозе Мурињо ова е второ доаѓање во Македонија откако претходно го посети нашиот главен град при настапот во Суперкупот во 2017 година како тренер на Манчестер Јунајтед.
„За Шкендија не знам ништо, допрва ќе следи анализа за нив. За овој натпревар ќе го кажам она што го кажав и пред мечот во Пловдив. Ако се играа два натпревари ќе беше поинаку. Дома секогаш добивате можност да се поправите, вака е опасно. Ќе биде опасно и во Македонија. Пред Шкендија сепак имаме натпревар против Саутемптон во Премиер лигата, па против Лејтон во Купот“, изјави Мурињо после вчерашниот натпревар.