Дома Трансфер зона Mногу се пишува за заминувањето на Варан, сега се огласи Зидан

Mногу се пишува за заминувањето на Варан, сега се огласи Зидан

Многу се пишува во последно време за потенцијалното заминување на Рафаел Варан од Реал Мадрид сега на оваа тема зборуваше францускиот стратег Зинедин Зидан.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги демантираше приказните дека Рафел Варан сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите на големо најавуваа дека Варан ќе го напушти клубот и се споменуваа неколку клубови како негова потенцијална дестинација.

Сепак, Зидан денес ги демантираше таквите најави и јасно порача дека неговиот сонародник останува во клубот.

„Варан е се уште млад, тука е долги години и му оди одлично. Многу се пишува во последно време во медиумите дека е незадоволен, но тоа се работи на кои фудбалерите со текот на времето мораат да се навикнат, посебно ако играа за голем клуб каков што е Реал Мадрид. Во медиумите секојдневно се пишува за разни работи и тоа нема да се промени“.

„Јас не верувам во она што го читам бидејќи секој ден ги гледам играчите и важно е само она што ќе ми го кажат на мене. Можам да кажам дека разговаравме и ми кажа дека игра во најдобриот клуб во светот. Моја желба е тој да остане дел од овој тим“, јасно порача Зидан.

Ќе потсетиме, Варан во Реал Мадрид пристигна во 2011 година од редовите на француски Ленс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…