Никола Митревски кога беше најпотребно беше одличен на голот на Порто и даде голем придонес во победата на португалскиот тим против Вардар (27:24).
Македонскиот голман по натпреварот истакна дека Порто не бил на нивото, но најважно е што успеале да победат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашите играчи беа уморни, воопшто не е лесно да се игра толку долго 7 на 6. Сепак, најважно е што победивме. Одработивме неколку тренинзи заедно и тешко беше да се подготвиме за тим како Вардар. Како што кажав, најважно е што победивме. Во наредните натпревар ќе мораме да ја поправиме играта“, изјави Митревски.
Вардар во следниот натпревар гостува кај ПСЖ, додека Порто ќе игра исто така на гости против Киелце.