Дома Македонски спорт Mиовски: Среќен сум за мојот прв европски гол!

Mиовски: Среќен сум за мојот прв европски гол!

Maкедонскиот напаѓач, Бојан Миовски постигна гол во финишот од натпреварот од Конференциската лига против Хелсинки и така го спаси Абердин од пораз.

Абердин важеше за фаворит и очекуваше победа, меѓутоа на крајот шкотскиот тим мораше да се задоволи само со бод.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имавме многу прилики, посебно во второто полувреме, можевме да постигнеме уште два-три гола. Кога израмнивме беше одличен момент да тргнеме и по победата. Имавме голема шанса, но во Европа мора да ги користите шансите за да победите.

Противникот исто така одигра одлично, но ние сме разочарани што не победивме. Среќен сум за мојот прв европски гол, како фудбалер многу работите за ваквите моменти“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…