Македонската фудбалска репрезентација во јуни ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Европското првенство, а утре ќе биде познато на кои фудбалери ќе смета селекторот Благоја Милевски за овој циклус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од Фудбалската федерација на Македонија денес потврдија дека Милевски утре ќе го објави составот за дуелите со Украина и Англија. На Украина ќе бидеме домаќини на 16-ти јуни, додека три дена подоцна ќе гостуваме на „Олд Трафорд“ на Англија.
Под голем знак прашалник за овој собир е напаѓачот Бојан Миовски кој заработи тешка повреда во настапот за Абердин.
Македонија во овие квалификации досега одигра еден натпревар и тоа против Малта која ја победивме дома со 2:1.