Maкедонија во претстојниот репрезентативен циклус ја очекуваат два натпревари од кој еден ќе биде пријателски, а утре ќе биде објавен списокот на повикани фудбалери за овие натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Прво, 14. октомври во Прага ќе играме против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство, а три дена подоцна ќе се соочиме со Ерменија во пријателска средба.
Натпреварот против Ерменија поради реконструкцијата на тревникот на Националната арена ќе се игра во Струмица.
Од Фудбалската федерација информираа и дека исто така утре списокот на повикани фудбалери ќе го објави и селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Драган Канатларовски. Младинците во квалификациите на 10. октомври ги чека натпревар против Молдавија на гостински терен.