Дома Останати Кошарка НБА Mилвоки после 18 години во конференциско финале, Вориорси ги дели триумф (ВИДЕО)

Mилвоки после 18 години во конференциско финале, Вориорси ги дели триумф (ВИДЕО)

Милвоки после 18 години ќе игра во конференциско финале, Дурант се повреди во триумфот на шампионот.

Бакси во петтиот натпревар од полуфиналната серија го совладаа Бостон Селтикс со резултат 116:91 и со убедливи 4:1 се пласираа во финалето на Истокот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доминантно домаќините го отворија овој натпревар. Селтикси само еднаш водеа во овој натпревар и тоа пред крајот на првата четвртина, но Бакси во продолжение од натпреварот го разбија слабиот тим на Бостон.

Јанис Антетотокумпо ги предводеше Бакси до триумфот со 20 поени, осум асистенции и исто толку скокови, Крис Миделтон додаде 19, а Ерик Бледсо 18 поени.

Кајри Ирвинг беше најефикасен кај Селтикс со 15 поени, но имаше и уште една очајна шутерска вечер (6 од 21 од игра).

За Бакси ова е прво финале на Истокот после 18 години, последното го играа во 2001 година кога со 4:3 беа поразени од Филаделфија.

https://youtu.be/sBhZh7waJVU

Голден Стејт Вориорси поведоа со 3:2 во серијата против Хјустон откако во финалето вчера на свој паркет го добија овој тим со резултат 104:99.

Беше тоа еден многу чуден натпревар. Имаа актуелните шампион предност од плус 20 кон крајот на втората четвртина, но на крајот Џејмс Харден го врати Хјустон во игра.

Во текот на третата четвртина дури и имаа водство. Кај Вориорсите при еден доскок се повреди Кевин Дурант, но на време во играта на шампионот се вклучи Стеф Кари и на крајот сепак тие стигнаа до победата и сега ги дели еден триумф од финале на Западот.

Томпсон кај Вориорси постигна 27, Кари 25, додека Харден кај Рокетси уфрли 31 поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…