Eкипата на Милан наводно е спремна да го доведе Доминик Шобозлаи, уште еден „бисер“ на Салзбург.
Милан веќе подолго време се поврзува со овој играч, а главната причина е Ралф Рагник за кого сите очекуваат да дојде на „Сан Сиро“ по завршувањето на актуелната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ работат на трансферот, но засега проблем е што Салзбург бара 25 милиони евра додека Милан нуди 20 милиони евра.
Сепак, се верува дека со преговорите двете страни можат да пронајдат заеднички јазик и да се надминат пречките.
Инаку станува збор за играч од Унгарија кој во октомври ќе наполни 20 години, а сезонава за Салзбург постигна девет гола и подели 13 асистенции.