Килијан Мбапе во секој преоден рок во последните години е во центарот на вниманието, а сега како што сезоната се приближуваше кон крајот повторно почна да се поврзува со Реал Мадрид.
Сепак, францускиот голгетер сега јасно ги кажа своите планови за наредната сезона и потврди дека ќе остане во Париз до крајот на неговиот договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„За мене претставува чест и задоволство што го запишувам своето име во историјата на францускиот фудбал. Навистина сум среќен во ПСЖ и знам зошто го продолжив договорот пред една година, па така знам и каде ќе играм следната година. Ќе играм за ПСЖ, мојата намера е да го одработам целиот договор“, изјави Мбапе.
Мбапе ќе остане, но во Париз сепак ќе има промени, пред се се најавува заминување на Меси кој веќе многумина го гледаат повторно во дресот на Барселона. Исто така и ситуацијата со Нејмар не е целосно јасна.