Вечерва се одиграа нови натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Во дербито кое го играат Баерн и ПСЖ, гостите од Париз предводени од Нејмар и Мбапе успеаа да дојдат од триумф. Мбапе го отвори резултатот уште во третата минута, а во 28. минута Маркињос зголеми на 0:2. Асистент за двата гола беше Нејмар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред крајот на полувремето Чупо Мотинг постигна гол за намалување на 1:2.
После 15 минути во вториот дел Милер постигна гол за изедначување. Сепак, осум минути подоцна Мбапе со својот втор гол ги постави конечните 2:3.
Во вториот натпревар Челзи не дозволи изненадување и го совлада Порто со 0:2. Челзи постигна по еден гол во прво и второ полувреме, а стрелци беа Маунт и Чилвел.