Мичу Батшуаи никако да добие стандардно место во Челзи, но тоа не го спречува да руши рекорди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со вчерашниот гол за Валенсија во ремито (1:1) против Селта Виго, популарниот „Бетмен“ стана првиот фудбалер во 21-иот век кој постигнувал голови во Примера, Бундес лигата, Премиер лигата и Лига 1.
Со вчерашниот гол во 25-тата минута го отвори контото на „Месталја“, додека во претходните сезони постигнуваше голови за Челзи, Борусија Дортмунд и Марсеј.
Кога и Батшуаи и да оди на позајмица се докажува, но никако да добие место во првите 11 на лондонскиот клуб.
Не можеме и да не прокоментираме дека сега би му дошол и тоа како добро на Челзи покрај неефикасноста на Жиру и Мората.