Легендата на германскиот фудбал Мирослав Клосе кој се уште е ркеордер по бројот на постигнати голови на Мундијалите ја започна тренерската кариера.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Својот прв тренерски ангажман Клосе ќе го има во австралискиот прволигаш Алтрах. 44-годишниот Клосе во минатото беше помошник во германската репрезентација и Баерн Минхен, ја водеше генерацијата до 17 години на Баерн, а сега го чека вистински предизвик во кој за првпат самостојно ќе води клуб.




„Со задоволство го чекам и се радувам на својот прв ангажман. Од почетокот чувствував дека сум на вистинско место и чекам да ја запознаам екипата, луѓето во клубот и навивачите, заедно верувам во успех“, изјави Клосе.