Поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец на светските првенства Мирослав Клосе (46) стана тренер на германскиот тим Нирнберг со кој потпиша двегодишен договор.
Нирнберг минатата сезона заврши на 12. место во конкуренција на 18 клубови во втората Бундеслига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клосе се повлече од професионалниот фудбал на крајот на сезоната 2015/2016 и досега ја тренираше само екипата на Алтах од Австрија како главен тренер. Работеше и како помошник во Баерн во текот на 2020 и 2021. Во Баерн беше тренер на тимот до 17 години.