Дома Македонски спорт Mилевски утре го објавува списокот за Украина и Англија!

Mилевски утре го објавува списокот за Украина и Англија!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Европското првенство, а утре ќе биде познато на кои фудбалери ќе смета селекторот Благоја Милевски за овој циклус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Фудбалската федерација на Македонија денес потврдија дека Милевски утре ќе го објави составот за дуелите со Украина и Англија. На Украина ќе бидеме домаќини на 16-ти јуни, додека три дена подоцна ќе гостуваме на „Олд Трафорд“ на Англија.

Под голем знак прашалник за овој собир е напаѓачот Бојан Миовски кој заработи тешка повреда во настапот за Абердин.

Македонија во овие квалификации досега одигра еден натпревар и тоа против Малта која ја победивме дома со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше д…