Дома Фудбал „Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ривал и така ја продолжи кризата на „граѓаните“.

Манчестер Сити беше подобар противник во првото полувреме и таквата игра ја искористи да дојде до водство во 36. минута со голот на Јошко Гвардиол.

Со по еден гол предност избраниците на Пеп Гвардиола заминаа и на паузата.

Во второто полувреме Сити продолжи да биде подобар противник и изгледаше дека Јунајтед не може да дојде до гол, но така беше се до завршницата.

Тогаш Бруно Фернанеш од пенал израмни на 1:1 во 88. минута, а само две минути подоцна Диало стрелаше за целосен пресврт и победа на својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…