
Билетите за финалето на Светското првенство, кое ќе се одржи на 19 јули на стадионот МетЛајф во Њу Џерси, на официјалната платформа на ФИФА за препродажба достигнаа износ од над 2 милиони долари за еден.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во моментот, на оваа платформа за размена и препродажба се достапни четири седишта за финалето, со цена од импресивни 2.299.998 долари по билет.
Ако некој ги откупи сите четири седишта, тоа би го чинело неверојатни 9,2 милиони долари, иако има и поевтини опции.
Во истиот сектор, но зад еден од головите, билетите се продаваат за 16.098 долари.
Im Millionenbereich! Irre Preise für WM-Finaltickets 🤯👇#SkySport #WM2026 https://t.co/4QOftoX4GM
— Sky Sport News (@SkySportNews) April 24, 2026
ФИФА не управува со цените кои продавачите ги поставуваат на страницата, но добива 15 проценти провизија и од продавачите и од купувачите за секоја трансакција.
На овој начин, организацијата може да заработи речиси 600.000 долари од продажбата на само еден билет што се продава за 2,3 милиони, затоа што нивниот проценат е веќе вкалкулиран во прикажаната цена.
Да потсетиме, во претходните светски првенства, цените во препродажбата беа ограничени на номиналната вредност на билетот.