
Сопственикот на 27% од акциите на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, кој активно учествува во водење на политиката на англискиот гигант, забележа огромни загуби во последната година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Тајмс“ објави дека сопственикот на групацијата „Инеос“, која влезе во клубот кон крајот на 2023 година, забележала загуба од дури 6.43 милијарди фунти во последната година. Ова е малку повеќе од една четвртина од неговото проценето богатство.
Ретклиф, кој во 2018 беше најбогат Британац, во последната година се спушти на три места подолу на таа листа. Сега е „само“ седми.
Сепак, претходно Ретклиф нагласи дека финансискиот притисок врз „Инеос“ нема да влијае на функционирањето на Манчестер Јунајтед. Откако Ретклиф влезе на Олд Трафорд и почна да носи одлуки, донесени се некои непопуларни мерки. Тие беа мерки за штедење и кратење на трошоци, а една од тие мерки беше и остранувањето од платниот список на легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон, кој во последно време ја обавуваше функцијата на клубски амбасадор.