Дома Фудбал Ливерпул за на лето подготвува трансфер вреден 130 милиони евра!

Ливерпул за на лето подготвува трансфер вреден 130 милиони евра!

Фудбалскиот клуб Ливерпул според најавите на неколку инсајдери би требало да биде многу активен во зимскиот трансфер период.

Во текот на претходните два трансфер периоди, Ливерпул доведе само еден фудбалер за првиот тим – Федерико Киеза. Италијанецот пристигна минатото лето и имаше доста проблеми со физичката спремност и здравјето, но сега конечно е нешто подолго во функција, па се очекува да игра повеќе.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Се очекуваат многу промени во екипата на Арне Слот. Пред сè, заминувањето на Трент Александер-Арнолд на кој му истекува договорот би требало да го замени нов десен бек. Дали клубот ќе се определи да му верува на Конор Бредли или ќе ангажира звучно име, тоа е големо прашање во моментот. Секако, оставен е простор за останување на Трент, но шансите за такво нешто се намалуваат со секој изминат ден.

Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк наскоро би требало да потпишат нови договори, па за нив нема да биде неопходно да се бараат замени, но одбраната ќе претрпи промени. Заминувањето на Џо Гомез исто така е извесно, па очекуваме да дојде нов централен бек, исто како и лев бек бидејќи Енди Робертсон веќе не е на претходното ниво.

Средниот ред е прилично стабилен и извесно е дека нема да има промени бидејќи Слот е презадоволен од Доминик Собослаи, Алексис Мекалистер, Рајан Гравенберх, Куртис Џоунс… Изгледаат одлично. Но, нападот треба да претрпи промени. Дарвин Нуњез е човекот кој најчесто е критикуван поради недостаток на ефикасност и ако Диого Жота е континуирано здрав, Уругваецот тешко ќе види терен. Поради тоа, се очекува негово заминување и се зборува за сума од околу 70.000.000 евра што Ливерпул би можел да ја добие за него.

Тие пари, заедно со дополнителна инвестиција, би требало да бидат насочени кон “Сент Џејмс Парк” каде владее Александер Исак. Шведскиот напаѓач оваа сезона се етаблира како еден од најдобрите центарфорови во светот и како ѕвезда на Њукасл, кој нема лесно да се одрече од него. Се споменува дека немаат намера да преговараат под бројка од 130.000.000 евра со што Ливерпул би го соборил британскиот рекорд кој моментално го држи Челси со Енцо Фернандез чиј откуп изнесуваше 121.000.000 евра. Би бил петтиот најголем трансфер на сите времиња.

Ливерпул уште во 2021 година го следеше Александер Исак и тогаш се зборуваше за 40.000.000 евра. Меѓутоа, од 2022 тој е во Њукасл и оваа сезона едноставно експлодираше со 17 досегашни голови во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добар е за репрезентацијата на Англија, но не и за Манчестер јунајтед

Коби Мејнo е дете на Манчестер Јунајтед, „чудо од дете“ кое на неполни 20 години одигра 60…