Раководството на Ливерпул покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Екип“.
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација.
„Црвените“ за 21-годишниот фудбалер понудија 17 милиони фунти, а Лион експресно ја одби таа понуда бидејќи за слободата на Черки бара 29 милиони.
🚨 Liverpool are likely to have a bid of £17m rejected for 21-year old Rayan Cherki, with Lyon holding out for £29m.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 21, 2024
(Source: @TBRFootball) pic.twitter.com/s0sju7gRrS