
Баер Леверкузен ја одби и новата понуда на Ливерпул. Пол Џојс откри денес дека Баер ја одби понудата од 135 милиони евра фиксен дел за Флоријан Вирц.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, тоа не значи дека договор нема да се постигне, туку дека Баер не сака да попушти и да се откаже од своите барања, бидејќи не е тајна дека Баерн Минхен нудел дури 150 милиони.
Со други зборови, се очекува Ливерпул да вклучи потенцијални бонуси за да се искачи компензацијата на износ меѓу 140 и 150 милиони и трансферот да биде реализиран.
Јасно е дека ова ќе биде рекорд и за Премиер лигата и за Бундеслигата, а Вирц веројатно во текот на наредната недела ќе стане член на Ливерпул.
Тој веќе ги договори сите услови со Ливерпул, се заблагодари на Баерн, а сите други не беа ни блиску во оваа трка.
Да потсетиме, Ливерпул веќе го ангажира Џереми Фримпонг, а се очекува наскоро со Вирц да пристигне и Милош Керкез.
Фото: Принтскрин