Дома Моторспорт Леклер повторно разочаран од Ферари: Не можам да прифатам каде сме во моментов

Леклер повторно разочаран од Ферари: Не можам да прифатам каде сме во моментов

И покрај тоа што успеа да заврши на шестото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања, Леклер не ги криеше своите разочарувања бидејќи мораше да се пробива низ средината на пласманот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во саботните квалификации стагнираше уште во втората рунда, а иако во неделната трка заработи бодови, неговите амбиции останаа незадоволени.

Во генералниот поредок заостанува за дури 85 бодови зад лидерот Оскар Пјастри, а единствениот подиум оваа сезона го постигна во Саудиска Арабија, каде беше трет.

„По трката изјавив дека ова е една од оние трки каде што мора да возиш со срце и да бидеш подготвен да се бориш“, рече Леклер.

„Свесен сум дека во такви ситуации одиш до крајни граници, понекогаш и над нив. Но кога тргнуваш како единаесетти, како возач едноставно не можеш да прифатиш каде си“, вели тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хаос и лудница во Монако, Леклер се заби во ѕид – Антонели испиша историја!

Деветнаесетгодишниот Кими Антонели стигна до победа на Гран при на Монако во болидот на Ме…