
Барселона поднесе официјална жалба до УЕФА за судењето во четвртфиналната двојна средба на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, пренесоа денеска од каталонскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштението, Барселона истакнува дека во двата натпревари биле донесени „одлуки кои не биле во согласност со правилата на игра“, нагласувајќи дека проблемите произлегле од погрешна примена на прописи, како и од изостанување на адекватна реакција на ВАР системот во клучни ситуации.
Барселона смета дека „акумулацијата на овие грешки директно влијаела на текот на натпреварите и конечниот исход на двомечот“, предизвикувајќи „значителна спортска и финансиска штета“ за клубот.
Во жалбата се повторуваат повеќепати упатените барања до УЕФА, но клубот исто така изразува подготвеност за соработка со европската куќа на фудбалот за да се подобри судискиот систем и да се обезбеди “построга, праведна и транспарентна примена на правилата на играта”.
Барселона беше елиминирана од Атлетико Мадрид со вкупен резултат 2:3. Иако Барселона победи 2:1 во реваншот, не успеа да го надомести минусот од 0:2 од првиот натпревар.