Дома Фудбал КОНТЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАЗАРОТ: Наполи ќе му го одземе напаѓачот на ривалот од Серија А!?

КОНТЕ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАЗАРОТ: Наполи ќе му го одземе напаѓачот на ривалот од Серија А!?

Антонио Конте може да го запали пазарот на Серија А. Sky Sport Italia пишува дека тренерот на Наполи внимателно ја следи ситуацијата околу Еван Фергусон, напаѓачот на Брајтон кој во моментов е на позајмица во Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ирскиот репрезентативец во 21 настап за тимот од Рим постигна пет гола и две асистенции, но сè уште не го има целосно убедено тренерот Џан Пјеро Гасперини. Токму тука Наполи гледа можност, подготвени да реагираат доколку Рома одлучи предвремено да ја прекине позајмицата.

Наводно, Конте многу го цени Фергусон и го смета за еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа, а во Наполи веруваат дека под неговото водство би можел да експлодира.

Ако трансферот се реализира, Наполи директно би го ослабнал ривалот од Серија А и ќе го добие капиталецот за иднината. Трансфер-сагата е само што започна, а Конте очигледно нема намера да чека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Му…