
Тимот од Формула 1 Алпин денес потврди дека австралијанскиот возач Џек Дуан повеќе нема да настапува како постојан возач на тимот, а неговото место ќе го заземе Аргентинецот Франко Колапинто, и тоа за период од пет трки, почнувајќи од претстојната Гранд при на Емилија Ромања.
Дуан, кој ќе остане во тимот како резервен возач, остана без место откако во првите шест трки од сезоната 2025 не успеа да освои ниту еден поен.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Овој 22-годишник станува вториот млад возач што годинава изгуби место во тимот, откако Ред Бул го врати Лиам Лоусон во јуниорскиот тим по само две трки.
Оваа кадровска промена беше објавена откако Оливер Оукс поднесе оставка од местото шеф на тимот, а неговите должности ги презеде извршниот советник Флавио Бријаторе, кој порано ги водеше шампионските тимови на Бенетон и Рено.
„По анализа на воведните трки во сезоната, донесовме одлука Франко да вози покрај Пјер (Гасли) во наредните пет трки,“ наведе Бријаторе.
Фото: Принтскрин