Дома Останати Кошарка Клиперс потврди: Богдановиќ доби соиграч од Бруклин

Клиперс потврди: Богдановиќ доби соиграч од Бруклин

Досегашниот кошаркар на Бруклин, Бен Симонс, ноќеска потпиша за Лос Анџелес Клиперси, објави клубот од Калифорнија.

Симонс минатиот викенд го раскина договорот со Бруклин, па во Клиперси дојде како слободен играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Австралискиот кошаркар, кој беше прв избор на драфтот во 2016 година, трипати бил избран за ол-стар член на американската професионална кошаркарска лига (НБА), додека во 2020 година беше член на третата најдобра петорка од тоа натпреварување.

Симонс ја пропушти целата сезона 2021/22 по конфликтот со Филаделфија, на која беше член претходните пет сезони, како и поради повреда на грбот откако беше заменет во Нетси.

Тој во текот на следните три сезони во Бруклин, поради проблеми со повредите, одигра вкупно 90 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ промаши тројка и не го спаси Денвер од пораз: Жал ми е (Видео)

Никола Јокиќ жали што не ја подаде топката на Џамал Мареј во последните секунди од мечот с…