Дома Фудбал Кимих останува верен на Баерн

Кимих останува верен на Баерн

Баерн Минхен е на прагот да го продолжи договорот со Џошуа Кимих.

По постигнатите договори со Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала, следен на листата за нов договор е еден од капитените, Џошуа Кимих.

Иако во минатото беше поврзуван со клубови како ПСЖ, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, изгледа дека тој донесе одлука да остане во Баерн.

„Се наоѓаме во многу, многу добра позиција во преговорите со Кимих. Се надеваме дека неговиот потпис ќе биде нашиот следен завршен потег. Тој ќе биде капитен на Баерн кога Мануел Нојер ќе се повлече. Останува само да ја завршиме работата и да го ставиме потписот на договорот“, изјави директорот Макс Еберл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…