
Обезбедувањето и придружбата мораа да го задржат ДеМарксус Казинс (34) да не втрча во публиката и физички да се пресмета со гледачите за време на натпреварот. Некогашната ѕвезда на НБА лигата, сега член на порториканскиот тим Метс де Гвајнабо, се караше со гледачите, а при излез од арената тргна на тепачка со некои од нив.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа се случи за време на натпреварот против Вајкерос де Бајамон во првенството на Порторико, а сето тоа ескалираше кога влегуваше во тунелот кон соблекувалната. Публиката тогаш започна да истура пијалак врз него што го налути до степен да се сврти и тргне кон нив.
Уште за време на натпреварот беше во судир со гледачите. Пред еден од нив се фати за меѓуножјето и тргна на конфликт пред да го спречат соиграчите, а бесот го презеде комплетно откако беше исклучен.
Y el #MotinAlert de hoy para nuestro pana Boogie pic.twitter.com/oplAZOI2Bg
— 12magnificos (@12magnificos) June 10, 2025
Фото: Принтскрин