Дома Фудбал Каков гаф на „Скај Спорт“: Место видео од прославата во Неапол, објавија видео од – Сплит! (Видео)

Каков гаф на „Скај Спорт“: Место видео од прославата во Неапол, објавија видео од – Сплит! (Видео)

Фудбалерите на Наполи станаа шампиони на Италија. Тимот на Антонио Конте влезе во последното, 38-мо коло на Серија А со еден бод предност пред Интер и ја задржа предноста со победа од 2:0 против Каљари. Стрелци на головите за победа и четвртата титула беа Скот Мактоминај и Ромелу Лукаку.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фановите на Наполи со голема еуфорија ја слават втората титула за три години и четвртата во историјата на клубот, но на социјалните мрежи се појавуваат видеа кои немаат врска со Неапол. “Навивачите на Наполи се на повисоко ниво”, објави Sky Sports покрај видео од прослава.

Проблемот е што тоа видео не е снимено во Неапол, туку во Сплит. Станува збор за кадри од прослава на 70-от роденден на Торцида во 2020 година, на што Sky беа предупредени од страна на нивните следбеници во коментарите на објавата. Наскоро потоа, Sky ја отстранија објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…