Дома Фудбал Kaтар останува без СП?! – ФИФА веќе подготвила замена?

Kaтар останува без СП?! – ФИФА веќе подготвила замена?

ФИФА го избра Катар како земја која после Русија ќе биде домаќин за Светското првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Сепак, изгледа дека напнатата политичка ситуација во оваа држава би можела да донесе промена.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници, Египет, Бахреин и ОАЕ пред шест месеци ги прекинаа врските со Катар обвинувајќи ја оваа држава за поддршка на терористичките групи. После тие прекинати врски, на Катар му се закануваше и недостаок од храна и во ФИФА ситуацијата ја сфатија како крајно сериозна.

Како замена за Катар тука би требало да се појават земји од Северна и Средна Америка – САД, Мексико и Канада. За Мексико ова не би било прв пат да влегува од втор план бидејќи во 1986 ја добија организацијата откако Колумбија ја изгуби таа чест три години порано.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно ги отфрлил тврдењата дека се бара алтернатива за Катар, но како што пишува еден мексикански портал кој ја откри целата приказна, некои состаноци веќе биле одржани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …