Дома Трансфер зона Kaвани донел одлука – сака да си замине од Манчестер Јунајтед уште во јануари!

Kaвани донел одлука – сака да си замине од Манчестер Јунајтед уште во јануари!

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани сака да го напушти Манчестер Јунајтед затоа што не е задоволен од минутажата која ја има.

34-годишниот Уругваец пристигна на „Олд Трафорд“ на летото минатата година како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Минатата сезона имаше многу подобра минутажа од оваа и истата ја оправда на теренот затоа што одигра неколку добри натпревари. Минатата сезона постигна 17 голови на 39 натпревари и се покажа како одлично засилување.

Меѓитоа откако ова лето Кристиано Роналдо се врати во клубот тој го изгуби статусот на првотимец, а неговата минутажа е драстично помала отколку во претходната сезона.

Во досегашниот дел од сезоната Кавани одигра само осум натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне само еден гол. Поради тоа се погласни се најавите дека сака да си замине. Со Јунајтед Кавани има договор до крајот на сезоната, но изгледа дека ќе се обиде уште во јануари да ја промени средината.

Англискиот „Сан“ објави дека Кавани на својот агент му дал задача да го раскине договорот со Јунајтед затоа што е свесен за неговиот статус во тимот кој најверојатно нема да се промени и по доаѓањето на Ралф Рагник.

Наводно, Кавани веќе одлучил кариерата да ја прдолжи во Барселона и има договор со Каталонците, па само прашање на време е кога ќе пристигне во овој клуб во јануари или на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…