Дома Фудбал Италија KРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Лудакот без влакна на јазикот заминува – Нестор и Алекс добиваат нови газди!

KРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Лудакот без влакна на јазикот заминува – Нестор и Алекс добиваат нови газди!

Ja заврши својата авантура, имаше големи успеси и падови, тренерите ги менуваше како на лента…

Маурицио Зампарини го продаде Палермо на компанија од Лондон, цената е 10 милиони евра сакаше да се ослободи од Сицилијанците во кои вложи 150 милиони евра од кога ги купи во 2002 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со тешко срце постигнав договор, барав некој кој може повеќе да вложи, а новите сопственици ќе имаат добра ситуација – чисти сметки и поддршка од навивачите. Јас доаѓам од север, но во душата после се, станав Сицијлијанец“, изјави Зампарини.

Палермо во последните години играше во Серија А и Б, сега се лидери во втората лига и се очекува да се вратат помеѓу најдобрите.

Зампарини во текот на годините продаде голем број страшни играчи како Лука Тони, Брзаљи, Амаури, Кавани, Пасторе, Франко Васкез, Дибала… Со тие големи трансфери го финансираше клубот кој најголем дел од својата историја пред доаѓањето на Зампарини го помина во третата лига.

zamparini

Овој човек важи за вистински „лудак“, освен тоа е и „без влакна на јазикот“.

Неговиот поздрав кон Џани Инфантино кога беше избран за прв човек ФИФА ќе се памети подолг период. Тој отворено порача дека победата на Инфантино е поуспешно купување гласови од шеиците.

На играчите кои создаваа проблеми им се закануваше дека ќе им ги отсече „јај*ата“ и ќе ги изеде за ручек, беше спремен да финансира изградба на затвор за сите судии во Италија. Адријан Муту го нарече „Ром “, подоцна го влоши нивниот однос со пораката дека во Романија ги имаат ромските гени во својата ДНК.

Ќе потсетиме денес за Палермо настапуваат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…