Eдисон Кавани нема да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.
Оваа вест ја објави Фабрицио Романо кој истакнува дека желба на Кавани е да се проба во Шпанија, но сега нема многу опции. Во еден период Уругваецот беше мета број еден на Барселона, но со доаѓањето на Пјер-Емерик Обамејанг ситуацијата се промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кавани чека понуди Ривер можеби е опција, меѓутоа верува дека уште може да игра во Европа.
Реал Мадрид има премногу опции во нападот, ако замине Јовиќ, а не дојде Халанд можеби има простор за Кавани, но засега не е во првите желби на Анчелоти. Во игра може да влезе Атлетико Мадрид, каде што се најавува заминување на Луис Суарез, додека Жоа Феликс покажа незадоволство.
Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива.