Дома Топ вести Kинезите спремни да му понудат богатство, но одговорот на еден од најдобрите „бјанконери“ беше јасен!

Kинезите спремни да му понудат богатство, но одговорот на еден од најдобрите „бјанконери“ беше јасен!

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус во последно време, доби огромна финасиска понуда од кинескиот тим Хебеи Фортун.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Марио Манџукиќ кој во Јувентус заработува 3.5 милиони евра, доби прилика во кинеската лига да стигне до заработка од 15 милиони евра по сезона, но самиот фудбалер оваа побеуда ја одбил, а веројатно ниту Јувентус не е заинтересиран за продажба на миленикот на навивачите.

Тренер на тимот на Хебеи и искусниот Мануел Пелегрини кој имаше желба да создаде напаѓачки тандем, Жервињо, Лавеци, Манџукиќ, сепак таа желба веројатно нема да му се оствари.

Хрватот има договор со Јувентус до 2020 година, а оваа сезона постигна шест погодоци на 20 настапи за „старата дама“.

Сумата која како оштета е спремен да ја плати Хебеи, на Јувентус сеуште не е откриена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…