Дома Фудбал Јувентус може да му даде доверба на Игор Тудор и за следната сезона

Јувентус може да му даде доверба на Игор Тудор и за следната сезона

Раководството на Јувентус има намера да му даде доверба на главниот тренер Игор Тудор и за следната сезона, пишуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот го замени отпуштениот Тиаго Мота со краткотраен договор до крајот на сезоната со опција да остане на позицијата при добро претставување. Според информациите од разни изданија, во договорот на специјалистот има клаузула за автоматско продолжување, која ќе се активира ако тимот се квалификува за Лигата на шампионите.

Сепак, постои и опција Јувентус да го раскине оваа спогодба, што значи дека топката останува во дворот на клубот кога станува збор за назначување на следниот постојан главен тренер. Тудор импресионираше во првите три натпревари на чело, со седум освоени поени од максималните девет, постигнати досега после победи над Каљари (1:0) и Лече (2:1) и нерешен резултат 1:1 против воформа тимот на Рома.

Фото: Јувентус

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се насочил кон напаѓач на Манчестер Јунајтед

Иако веќе се засилија со тројца напаѓачи ова лето, Јувентус е подготвен да поднесе понуда …