Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој претходно во НБА

Joкиќ повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој претходно во НБА

По малата криза тимот на Денвер се врати на победничките патеки и врза серија од три победи, па така се враќа кон врвот на Западната конференција.

Изминатата вечер актуелниот шампион го победи Бруклин со 124:101, а и во оваа победа главен на теренот беше Јокиќ. Иако на теренот беше само 29 минути српскиот кошаркар оствари трипл-дабл од 26 поени, 15 скока и 10 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Јокиќ ова беше десетти трипл-дабл во сезоната со што стана прв кошаркар во историјата на НБА кој седум сезони имал најмалку двоцифрена бројка трипл-дабл учинок.

Освен Јокиќ на оваа средба се истакнаа Востон со 18 и Мареј со 16. Кај Бруклин најефикасен беше Динвиди со 17 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Кливленд 116-107

Мајами – Чикаго 116-124

Далас – Минесота 101-119

Денвер – Бруклин 124-101

Портланд – Јута 114-122

Сакраменто – Оклахома 128-123

ЛА Клиперс – Голден Стејт 121-113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…