Никола Јокиќ поради повреда го пропушти претходниот натпревар на Денвер, а изминатата вечер се врати во составот и веднаш блесна со уште еден маестрален натпревар.
Денвер го победи Хјустон со 134:124, а Јокиќ запиша нов трипл-дабл во кој постигна 32 поени, додаде 15 асистенции и имаше 10 скока. За Јокиќ ова беше трет трипл-дабл во кариерата со над 30 поени, а без загубена топка и тоа не му успеало на никој во последните 40 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Позитивна работа за Денвер беше и враќањето на Џамал Мареј кој ги пропушти последните 11 натпревари поради повреда.
На паркетот покрај Јокиќ одличен беше и Портер со 30 поени и 10 скока, вклучувајќи седум тројки од 12 шута. Мареј натпреварот го заврши со 16 поени, 6 скока и 6 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – ЛА Лејкерс 107-133
Орландо – Вашингтон 139-120
Торонто – Феникс 112-105
Мемфис – Јута 105-91
Њу Орлеанс – Филаделфија 124-114
Денвер – Хјустон 134-124
Сакраменто – ЛА Клиперс 117-131