Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ продолжува да блеска: Четврти трипл-дабл во четвртиот натпревар!

Joкиќ продолжува да блеска: Четврти трипл-дабл во четвртиот натпревар!

Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи и по Ол-стар викендот стигна до четвртиот трипл-дабл во четвртиот натпревар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во натпреварот против Сакраменто, Денвер славеше победа со 117:19, а Јокиќ го заврши натпреварот со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции со што ја доби битката со Домантас Сабонис.

За Денвер беше важно да слави против Сакраменто бидејќи на последните три натпревари против овој тим имаа три порази.

Ова тимот на Јокиќ беше четврти триумф по ред со над 15 поени разлика и четврти на кој Јокиќ стигнува до трипл-дабл пред крајот на третата четвртина.

Поентерски најефикасен за Денвер беше Џамал Мареј кој постигна 32 поени и имаше одличен шут од игра 13/15. Киген во редовите на Сакраменто постигна 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Њу Орлеанс 123-114

Торонто – Далас 125-136

Чикаго – Кливленд 132-123

Минесота – Мемфис 110-101

Денвер – Сакраменто 117-96

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…