Дома Фудбал Јамал како некогаш Нејмар – подготвил големо изненадување за натпреварот вечерва!

Јамал како некогаш Нејмар – подготвил големо изненадување за натпреварот вечерва!

Веќе неколку дена не стивнуваат бурите пред финалето на купот на кралот, во кое вечерва од 22:00 часот на „Ноу Камп“ ќе се сретнат фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид, а новинари и фоторепортери ги следат секој нивни потег, па така беа присутни на секој тренинг од двата клуба.

Она што посебно привлече внимание е дека секој ден Ламин Jамал носеше капа на глава, иако надвор е над 20 степени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таму медиумите известуваат дека младиот фудбалер всушност подготвил изненадување за големото дерби – нова фризура. Се вели дека инспириран од некогашната фризура на Нејмар, ја обoил целата коса во сино и сака да ја претстави на јавноста токму на натпреварот на годината, како што го нарекуваат во Шпанија.

Јамал не сакал ништо да зборува пред натпреварот околу кој веќе со денови се крева тензија, само кратко порача:

„Тишината зборува најгласно. Мисијата сè уште не е завршена“, алудирајќи дека Барселона сè уште се бори за освојување на три трофеи – во Ла Лига, купот на кралот и Лигата на шампионите.

Фото: Barcelona FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов мегатрансфер во Реал: Шпанците понудија сто милиони евра за дефанзивец

Реал Мадрид итно мора да ги реши проблемите во одбраната, а клубот го гледа Кристијан Роме…