Дома Македонски спорт Jaховиќ: Бог да даде Македонија да игра на ЕП, ако мислат дека сум потребен тука сум без разлика што се случило!

Jaховиќ: Бог да даде Македонија да игра на ЕП, ако мислат дека сум потребен тука сум без разлика што се случило!

По интервјуто со Горан Пандев кое можете да го прочитате (тука), СПОРТСКИ.МК разговараше и со Адис Јаховиќ.

Јаховиќ како што е познато веќе подолго време не е дел од репрезентацијата на Македонија, меѓутоа сега порача дека ако е потребен е спремен да помогне и посака пласман на Македонија на Европското првенство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


1. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа заминување од натпреварот против Лихтенштајн?

  • Заминувањето од натпреварот против Лихтенштајн беше во Струмица. Точно беше 84. минута, отидов во соблекувалната да се пресоблечам затоа што бев нервозен и тажен затоа што не добив ниту една минута во два натпревари, а тогаш бев најдобриот гол стрелец во Турција, ниту со Италија таму, ниту со Лихтенштајн дома. Ја напуштив репрезентацијата само затоа што не добив ниту една шанса, а не дека бев стар. Мислев дека е време да кажам стоп за да не бидам терет на некого“.
  • Односно добив повик после година-година ипол за натпреварот против Израел кога промашив пенал. После тој натпревар долго време не добив повик, не знаев ни зошто, ни како, дали дека ја земав топката и промашив… Точно дека селекторот во медиумите кажа дека тој донел одлука јас да шутирам, но зошто јас потоа не добив повик? Затоа и заминав, толку голови што дадов во Турција изгледа не беа доволни да играм и една минута за Македонија“.

2. Доколку сега селекторот ви упати повик дали би го прифатиле?

  • Јас веќе имав кажано ако треба да помогнам и добијам повик да дојдам дека сум потребен на репрезентацијата ќе дојдам и ќе дадам се од себе. Но не сакам да добијам повик колку само некој да се испере, да каже: Ете Адис го викнваме…Тоа не ми треба. Ако сум потребен за финалето со Грузија нека ме повика ќе дојдам нема врска што се случило меѓу нас. Доколку сметаат дека не сум потребен, нема проблем. Дај боже да се случи тоа што го чекаме сите, во репрезентацијата играат мои другари и за нив немам што да кажам им посакувам се најдобро“.

3. Контактирате ли во овој период со некои од актуелните репрезентативци?

  • Контактирам од репрезентацијата со Елмас, Алиоски, Дени Илиев, Ристевски понекогаш преку социјалните мрежи…Со нив почесто. Со никого немам ништо лошо, ниту пак сакам да имам, тој што мисли лошо на мене него Бог ќе му врати. Со неколку играчи имам нормални контакти околу фудбалот, здравјето и семејството тоа е тоа.

4. Како е да се игра со заедно со еден Подолски во нападот има ли што да се научи од еден таков класа играч?

  • Искрено да кажам Подолски не е она што беше порано, но таа техника, тоа искуство значи многу за мене и за другите. Едно време бевме заедно, се воигравме, но потоа тренерот почна да игра по друг систем и лошо тргнавме сезонава. Со него да се игра секако е задоволство, исто и со Нури Сахин кој дојде оваа сезона. Сепак, резултатите на почетокот на сезоната не се како што треба, но здравје боже се ќе дојде на свое место“.
  • Од Подлски нормално дека можеш да научиш многу. Промени многу тренери и клубови, знае многу тактики и фудбалски филозофии. Младите играчи посебно имаат што да научат од него, Нури Сахин исто помага тука на тренинзите. Јас како 33 годишен не можам премногу да учам, можеби нешто ситно. Како и да е, како што кажав многу ми е мило што играм со него“.

5. Koj за вас e најдобриот играч со кој сте играле?

  • Не сум играл многу некои ѕвезди. Можам да издвојам три играчи како Подолски и Нури Сахин тука и Самуел Ето во Коњаспор. Најдобар карактер има Сахин, меѓутоа многу научив од Ето. Тој игра шпиц како мене и од него многу научив како да реагирам во гол шанса. Многу е мирен и знае како да го измами голманот, да го фати на погрешна нога…Подолски е малку друг тип на играч. Сите тројца се навистина посебни еден не можам да изберам“

6. Кој гол во кариерата би го избрале за најдраг?

  • Да не се лажеме репрезентацијата е нешто посебно. Првиот настап со репрезентацијата кога бев повикан на 26 години како играч на Цирих и првиот гол со Словенија кога го дадов. На клупски план тука е голот за Гозетепе во финалето за влез во Суперлигата, тие два гола ми се најдраги во целата кариера“.

7. Каква порака би испратиле за репрезентацијата пред историскиот натпревар со Грузија?

  • Само душман може да каже нешто лошо за репрезентацијата. Им посакувам се најдобро, пласман на ЕП би била една историја за сите нас кои сме поврзани со Македонија. Посакувам пред се среќа и здравје и Бог да даде да се пласираме и на Европското првенство и да кажеме дека и ние Македонците знаеме и играме фудбал“.
  • Луѓето можеби имаат погрешно мислење за мене, некои имаат и позитивно, тоа е нормално. Но, јас и од дете и во текот на кариерата сум навикнат да не трпам неправди. Мојот карактер е најважен, мојата фамилија…Јас неправда не можам да преќутам кој и да е во прашање, се што е неправедно ќе се обидам да го направам праведно, ако не успеам да сме здрави и живи. Некои викаат можеби дека сум правел проблеми во репрезентацијата, меѓутоа тоа не е точно. Јас претходно исто бев суспендиран, никој не ја знае таа ситуација. Не дозволувам некој да испраќа пцовки кон мене на тренинзите, кога јас не вреѓам, не сакам и да ме вреѓаат. Во случаката со Даниел добив некои неубави зборови кон мене и мојата фамилија. Карактерот го покажувам на терен, таму сум агресивен, не сакам да губам, секогаш ќе бидам таков. Само така оди мојата кариера во нагорна линија, кога сум надвор од него сум мирен“, заврши Јаховиќ.

Разговара: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…