Дома Трансфер зона Jунајтед си дозволил да не го послуша Ферги и сега место два треба да плати 60 милиони евра

Jунајтед си дозволил да не го послуша Ферги и сега место два треба да плати 60 милиони евра

Сер Алекс Фергусон им дал предлог, но тие чекаа и – погрешија!

Приказната е следната. Сер Алекс Фергусон во летото 2018 година на својот наследник му го препорачал Џон Мекгин. Репрезентативецот на Шкотска започна во Сент Мирен и таму беше три сезона, клубот ги одбиваше понудите од Селтик, а самиот Мекгин сакаше трансфер во Англија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На една година пред истекот на договорот иако ја започна сезоната и играше во квалификациите за ЛЕ, неговиот тим беше принуден да го продаде.

Чинеше околу два милиони евра, во првата сезона играше одлично во Чемпионшип и беше најзаслужен што поранешниот европски шампион се врати во елитата.

Наводно во Јунајтед сакале да видат како ќе се снајде во англискиот фудбал, Мекгин продолжи со одличните настапи и во ПЛ и сега јасно е дека во клубот направиле голема грешка кога си дозволиле да не го послушаат големиот Ферги.

Солскјер ова лето сакаше да го доведе, но Вила не сакаше да слушне за продажба. Мекгин потпиша договор на пет години истиот може да го продолжи за уште една сезона под подобри услови.

Може да замине само ако некој плти 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …