Како што стојат работите, Хрватот Нико Ковач е пред изненадувачки ангажман и би можел да седне на клупата на германски второлигаш.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според извори блиски до Ковач, хрватскиот стратег е во преговори со Хамбург, но се наведува и дека додека преговара тој чека и поатрактивна понуда која повеќе би ги задоволила неговите амбиции.
Ковач во редовите на Волфсбург доби отказ по речиси две години на клупата. Клубот го предводеше на 66 натпревари во кои оствари учинок од 23 победи, 17 нерешени натпревари и 26 порази.
Во кариерата Ковач беше тренер уште на: Ајнтрахт, Франкфурт, Баерн и Монако. Исто така ја предводеше и репрезентацијата на Хрватска до 21 година.