Дома Фудбал Изненадување: Клоп може експресно да го напушти Ред Бул и повторно да биде тренер!

Изненадување: Клоп може експресно да го напушти Ред Бул и повторно да биде тренер!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, е сериозен кандидат за тренерската позиција во Реал Мадрид ако Карло Анчелоти добие отказ. За Анчелоти ова е тешка сезона на клупата на Реал, тимот е на второто место во Ла Лига и на работ на испаѓање од Лигата на шампионите уште во четвртфиналето. Вечерва мадридскиот клуб го пречекува Арсенал во реваншот од четвртфиналето. Но, пред нив е речиси невозможна мисија затоа што минатата недела на Емирати биле тешко поразени со 3:0.

Ако испаднат од Европа, како што се очекува, и не успеат да го надоместат заостанувањето од четири бодови зад Барселона во првенството, се претпоставува дека Анчелоти ќе биде сменет. Главен фаворит за преземање на клупата е веќе некое време Чаби Алонсо. Тој, како играч, пет години го носел дресот на Реал, со кој ја освоил Ла Лига во 2012 година, два пати Купот на кралот и Лигата на шампионите во 2014 година.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Минатата сезона освои двојна круна во Германија, Бундеслигата и Купот на Германија, а единствениот пораз го запиша во финалето на Лига Европа. Но, оваа сезона Леверкузен се мачи – моментално заостанува шест бодови зад водечкиот Бајерн.

Во Лигата на шампионите ги надмудрија токму баварците во осминафиналето, а во полуфиналето на германскиот куп испаднаа од третолигашот Арминија Билефелд. Според написите во Спорт, овие резултати отворија прашања за тоа колку е Алонсо всушност подготвен за Реал.

Шпанецот и понатаму сака да го преземе Реал, а челниците на клубот веќе години внимателно го следат. Но, слабата сезона на Леверкузен и желбата на Реал ова лето да направи голем чекор на пазарот за засилувања, предизвикаа сомнежи дали Алонсо е вистинскиот избор.

Наводно идејата за ангажирање на Клоп постојано расте. Луѓето блиски до претседателот Флорентино Перез сметаат дека токму германскиот тренер е единствениот способен да ги реши тактичките проблеми на Реал.

Поранешниот тренер на Ливерпул, наводно би добил “значително повеќе слобода” во водењето на тимот, а како негова предност се истакнува и искуството на работа под голем притисок. Сепак, јасно е дека договорот би било сè, само не едноставен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …