Eкипата на Лас Палмас приреди големо изненадување и славеше победа против Барселона со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полувреме не видовме погодоци, но можеше да се забележи дека Барселона се мачи.
Заигра и Јамал во второто полувреме за кого ова беше враќање по повредата, но не помогна ниту тоа.
Рамирез во 49. минута погоди за предност на Лас Палмас, а Рафиња во 61. минута донесе израмнување. Шест минути подоцна Фабио Силва стрелаше за ново водство на домаќините.
Во овој момент Барселона на табелата има четири бода повеќе од Реал Мадрид, меѓутоа „кралевите“ се со и два натпревари помалку.