Дома Останати Италијанските одбојкари ја одбранија светската титула

Италијанските одбојкари ја одбранија светската титула

Италијанската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата светски првак, откако попладнево ја совлада Бугарија со 3-1.

Ова е нивна вкупно петта светска круна, со што уште еднаш ја потврдија својата доминација на светската одбојкарска сцена.

Актуелните светски шампиони сервираа фантастично, а Матија Ботоло и Јури Романо целосно го уништија бугарскиот прием. Италијанците запишаа 13 аса, од кои Ботоло седум, а Романо пет.

Бронзениот медал го освои Полска, која претходно денеска ја совлада Чешка со 3-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пет злата за Олимпија во Тиволи, Андреа Нисева успешна и меѓу сениорките

Штипска Олимпија го заврши турнирот „Императоре Адријано“ со пет златни и еден бронзен мед…