Дома Фудбал Испишана историја: Ова досега никогаш не се случило во НБА лигата

Испишана историја: Ова досега никогаш не се случило во НБА лигата

Сега дефинитивно може да се каже дека домашниот терен во НБА лигата не претставува некаква предност, ако воопшто и е предност.

Оваа сезона, првпат во историјата на НБА лигата, гостите ја победија првата средба во секој од четирите меча на полуфиналето на конференцијата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Не само што ги добија сите први натпревари, туку гостите славеа на сите досега пет одиграни меча.

Во ноќта зад нас видовме како Голден стејт Вориорси победија против Тимберволфс во Минесота, додека Индијана по втор пат го совлада Кливленд на гости во Охајо.

Њујорк Никси во вистински кошаркарски спектакл победија против Бостон Селтикс во ТД Гарден, додека Денвер Нагетси и Никола Јокиќ ги шокираа Оклахома Сити Тандер и поведоа со 1:0 во серијата.

Три гостински екипи ја победија првата утакмица од втората рунда од плејофот трипати: во 2023 година, 2015 година и 2011 година, но никогаш во историјата на лигата не успеале сите четири гостински екипи да поведат со 1:0.

Во целокупниот досегашен дел од плејофот, гостите биле подобри. Имаат 25 победи наспроти 23 победи на домаќините.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ после 5 кола во ЛШ имаше само 4 бода, сега е во финалето

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите така што и на возвратниот натпревар н…