Дома Фудбал Инцидент во Тетово: Голманот и физиотерапевтот на Влазрими го нападнале судијата

Инцидент во Тетово: Голманот и физиотерапевтот на Влазрими го нападнале судијата

Како што е заведено во билтенот на МВР на вчерашниот натпревар помеѓу Тетекс и Влазрими дошло до инцидент.

МВР информира дека голманот и физиотерапевтот на Влазрими физички го нападнале судијата.

„Судијата М.М (38) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс од Тетово и Влазрими од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа“, информираат од СВР Тетово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…