Дома Фудбал Инцидент меѓу Меси и фудбалер на Венецуела – тргнаа да се тепаат, па се вмешаа и останатите (Видео)

Инцидент меѓу Меси и фудбалер на Венецуела – тргнаа да се тепаат, па се вмешаа и останатите (Видео)

Лионел Меси го одигра последниот официјален натпревар за Аргентина на домашен терен и тоа на стадионот Монументал, каде пред полни трибини имаше емотивна вечер. Аргентина победи со 3:0, а капитенот на „гаучосите“ постигна два гола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, славјето беше делумно расипано од инцидентот со Томас Ринкон, легендарниот фудбалер на Венецуела. До судирот дојде на крајот од првото полувреме, во тунелот, кога Ринкон се приближи до Меси, му пререче за една ситуација во играта и дури благо го турна.

Меси реагираше, а тензиите се зголемуваа додека Саломон Рондон не интервенираше и ги смири страстите. На крајот, ситуацијата не ескалираше и играчите беа разделени.

По натпреварот, Меси го прегрна поранешниот соиграч од Интер Мајами, Јосеф Мартинез, и продолжи да ужива во своето проштално здружување со домашните навивачи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …