
Полјаците отпаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите, а црвено-белите го обезбедија пласманот во плеј-офот и сега се на чекор од лигашката фаза на натпреварувањето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По победата на српскиот шампион со резултат 3:1 на првиот натпревар одигран во Познањ, вториот меч донесе помалку возбуда, предност за Црвена звезда, потоа црвен картон за српскиот тим и гол на гостите за израмнување во завршните минути од натпреварот.
По натпреварот, полските навивачи, кои во Белград правеа хаос пред натпреварот, за време на него, односно на стадионот се однесуваа беспрекорно, а начинот на кој ги поздравија фудбалерите од нивниот тим заслужува почит.
Гласни аплаузи и уште погласна песна ги дочекаа фудбалерите на Лех од популарниот „кафез“ односно од секторот меѓу западната и јужната трибина кој е наменет за гостинските навивачи. Погледни ТУКА.
Фото: Принтскрин