Дома Фудбал Ибра: Судијата беше суров со Тео

Ибра: Судијата беше суров со Тео

Златан Ибрахимовиќ истакна дека вината за елиминацијата од Феенорд лежи во самите „росонери“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Разочарани сме и лути. Мислам дека недостигаше зрелост на овој натпревар. Имавме предност од 1-0 и продолживме со играта. Судијата беше суров во одлуката за црвениот картон поради симулација. Разочарани сме, но сега е важно да останеме обединети како група за да ја свртиме страницата. Од утре ќе се подготвуваме за следната цел, изјави Ибра.

Мilan во 54-та минута остана со играч помалку, откако Тео Хернандес доби црвен картон поради симулација. До тогаш, тимот водеше и ја контролираше играта.

Не сум лут на Тео. Кога настануваат вакви ситуации, не можеш лесно да кажеш дали бил во право или не. Мислам дека тој не е актер и дека ја игра својата игра колку што може најдобро. Овие работи се случуваат на теренот, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …